ФАКОМ
Адреса:
Булевар „Александар Македонски“ Бр.18 П.фах: 439,
Скопје
Телефон / Факс:
+389 (0)2 5513 100 +38925513103 +38923174023,
+389 (0)2 3173 564
E-mail:
info@fakom.com.mk; martin.velkovski@fakom.com.mk
Интернет страница:
www.fakom.com.mk
Дејност:
Производство на сите видови челични конструкции за потребите на јавниот сектор и индустријата, базирано во најголем дел на топловалани лимови од производниот програм на МАКСТИЛ, како и на легирани челични лимови, топловалани профили, цевкасти профили, поцинкувани и пластифицирани лимови итн.
Во производниот програм се застапени:
• Автоматски заварени Т, АТ, Н, L носачи за потребите на пазарот и бродоградбата,
• Челични конструкции за индустриски објекти, производни хали и складишта, јавни објекти, спортски сали, стадиони итн.;
• Патни и железнички мостови;
• Рударска опрема за површински копови - рударски машини и транспортни ленти;
• Опрема за термо и хидроенергетски постројки;
• Опрема за металургија;
• Резервоари за горива и други течни и гасни флуиди;
• Силоси за зрнести и прашкасти материјали;
• Процесна опрема за цементна, хемиска и други индустрии;
• Профилирани лимови, ниско-напонски електроди, одбојни огради за патишта и сл.
Проектирање
Изработка на комплетна проектна документација за сите видови челични конструкции и процесна опрема за индустријата.
Изработка на идејни, основни и изведбени проекти по сопствени проектни решенија и разработка и доработка на изведбени проекти (производни и монтажни цртежи).
Одделот за проектирање е организиран во три единици: Машинство, Градежништво и Архитектура.
Монтажа
Монтажа на сите видови челични конструкции и процесна опрема произведени од компанијата. Монтажа на инвестициона опрема, ремонти, реконструкција и одржување на рударски машини и транспортни ленти во површински копови, термо и хидроенергетски постројки, црна и обоена металургија, цементна и хемиска индустрија.
Изработка на делови на опрема и машини според оригинални цртежи или примероци за потреби на ремонти, реконструкција и одржување
Големина:
Голема
|