Новиот концепт на Клубот на извозници како специјализирано тело во рамки на Стопанската комора ќе биде насочен кон обезбедување на максимална поддршка за домашните извозно ориентирани компании во нивните напори за зголемување на конкурентноста и извозните активности на регионалните и глобалните пазари.
За таа цел, ќе работиме на конкретни програми за идентификување на нови извозни можности, промоција на македонските извозни компании и производи, воспоставување на нови трговски релации, бизнис врски и пазарни форми на соработка со потенцијални трговски партнери од различни земји, како и надминување на различните институционални пречки и друг тип на бариери поврзани со пристапот до нови пазари за домашните извозно ориентирани компании.
Проф. д-р Дарко Лазаров,
Претседател на Клубот на извозници
Биографија на Дарко Лазаров, проф.др.