Share on:   

КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ
За Клубот

Главна цел на Клубот на извозници како специјализирано тело во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија е обезбедување на максимална поддршка на домашните извозно ориентирани компании преку различни програми кои се однесуваат на јакнење на извозната конкуретност и подобрување на извозната подготвеност на компаниите, како и промоција на македонските извозни компании и производи на регионалните и глобалните пазари.

Концептот на Клубот на извозници е базиран на три клулни столбови:

I . Институционална соработка за олеснување на извозот

Во рамките на Клубот на извозници една од приоритетите ќе биде јакнење на институционалната соработка со домашните државни инстититуции, претставници на странски институции во земјата (амбасади, еконосмки аташеа, трговски претставници, претставници на меѓународни институции, меѓународни донатори и невладини организации и фондации) и други чинители, како и воспоставување на соработка со меѓународни институции поврзани со трговија и бизнис организации со цел јакнење на институционалните и пазарните врски и градење на меѓународна мрежа која понатаму ќе биде ставена во функција на компаниите членки на Клубот. За остварување на тие цели ќе се органзираат средби и посети на претставници на Клубот дома и во странство, како и организирање на заеднички настапи на меѓународни саеми и манифестации.

Дополнително, Клубот на извозници во рамките на своите активности ќе подготвува и ќе иницира измени во законската регулатива со цел надминување на постојните проблеми со коишто се соочуваат компаниите при соработка и обид за соработка со странските земји; ќе јапродлабочи соработката и ќе го развива јавно-приватниот дијалог со надлежните институции во насока на изготвување на конкретни предлози, мерки и политики за поддршка на извозните компании.

Истовремено, ќе се организираат настани и инфо-сесии за презентирање на извозните можности во одделни конкретни земји кои ќе бидат селектирани по барање на компаниите членки на Клубот. На тие настани ќе бидат презентирани специфичностите на самиот пазар/земја поврзани со можностите за извоз на компаниите членки на Клубот во конкретната земја, при што, на настаните ќе бидат поканети претставници на амбасадите на конкретната земја во Република Северна Македонија, други организации и институции на таа земја, потенцијални трговски партери од таа земја, домашни компании кои имаат воспоставено трговски и бизнис релации со таа земја.

II . Поддршка и промоција на извозот

Една од услугите која ја нуди Клубот на извозници за своите членки е публикување наелектронски месечни, квартални и годишниизвештаи за трговска размена (увоз и извоз) на ниво на поединечен производ (согласно тарифен број) по одделни земји и информации за светски трговски трендови на ниво на поединечен производ (согласно тарифен број) со вклучени информации за просечни цени и извозни/увозни количини за конкретни производи и конкретни пазари/земји по барање на поединечна компанија или група на компании членки на Клубот на извозници.

Друга услуга која ја нуди Клубот на извозници за своите членки е развивање на маркетинг стратегии за извоз кои се базирани на детални пазарни анализи со цел идентификување на нови извозни можности/пазари на ниво на поединечен производ (согласно тарифен број) за конкретна компанија и анализи за пристап на нови пазари која подразбира детално проучување на царински стапки, нецарински/трговски бариери, регулаторни барања и законски прописи, критериуми и стандарди за квалитет кои се наметнати за увоз на некој производ (согласно тарифен број) во конкретна земја/пазар, канали на дистрибуција и продажба, логистика и услови за испорачување. Овие анализи се базирани на современа методологија со користење на релеватни бази на податоци.

Дополнително, Клубот на извозници со тим на експерти работи на имплементација на маркетинг стратегии за извоз преку барање на конкретни трговски партнери на претходно идентификуваните на потенцијални извозни пазари за конкретни прозиводи (согласно тарифни броеви), воспоставување на бизнис релации со идентификувани трговски партнери, утврдување на оптималните продажни канали, обезбедување на логистика за извоз, подготовка на маркетинигн алатки за настап на странски пазари.

Клубот на извозници заедно со стручен и експертски тим работи на подготовка на проектни апликации за компаниите членки на Клубот со цел искористување на можностите кои се нудат од страна на различни домашни и меѓународни фондоци како што се фондови на ЕУ, УСАИД, ФИТР, Министерство за економија на РСМ и други во делот на инструментите за технолошки развој и можностите за зголемување на конкуретноста на компаниите членки на Клубот преку набавка на нови машини, опрема и технологија, градење на дигитални маркетинг алатки, дигитализација како и можности за комерцијализација на нови производи на домашниот и странските пазари.

Клубот на извозници ќе публикува електронска брошура за извозните перформанси на членките на Клубот на извозници со детален опис на извозни производи по тарифни броеви, производни капацитети, технологии кои ги користат, вредност на извоз и извозни пазари, стандарди за квалитет кои ги поседува и други индикатори за компанијата со цел нивна промоција пред странските компании во земјата, нивна промоција пред потенцијални трговски и бизнис партнери од регионот и пошироко во ЕУ и светот.

Клубот работи на постојано збогатување на содржината на веб порталот на Клубот на извозници https://exporters.mchamber.mk со информации кои ќе бидат од корист за самите компании членки на Клубот. Дел од тие содржини ќе се однесуваат на информации за сите меѓународни саеми, B2B настани и други настани поврзани со промоција на извоз и барање на трговски партнери по одделни сектори и индустрии, информации за тарифни броеви и други информации за царини и нецериснки бариери, информации за трговска размена и други корисни информации за трговија од Светска Трговска Организација, Меѓународниот Центар за Трговија на ОН, ЦЕФТА, УНКТАТ, Коморскиот Инвестициски Форум на Западен Балкан, информации за меѓународен транспорт и логистика, информации за одделни потенцијални извозни земји, информации за патување во различни земји во светот, информации за меѓународните финансиски пазари и други корисни информации за членките на Клубот.

III . Едукација

Клубот на извозници ќе организира обуки и работилници за вработените во компаниите членки на Клубот на теми кои ќе бидат од важност за самите компании во јакнење на нивните човечки капацитети со цел зголемување на извозните активности на странски пазари, вклучувајќи и градење на маркетиншки и продажни вештини за настап на странски пазари. Дел од темите на обуките и работилниците ќе бидат дефинирани во претходна консултација со компаниите членки на Клубот, при што, за организирање на самите обуки ќе бидат ангажирани домашни и странски експерти од претходно дефинираните теми.