„Економското забавување во Европа ќе се одрази на македонскиот извоз, бидејќи најголем дел од трговската размена на земјава се одвива токму со ЕУ“, посочи Дарко Лазаров, претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија во гостувањето на Блумерг Адрија ТВ.
Тој додадена дека со оглед на тоа дека последните проекции на ЕУ за економската состојба во 2023 година се исклучително неповолни, со минимален економски раст во позитива и сѐ уште висока инфлација, тоа секако ќе се одрази врз македонскиот извоз, особено врз автомобилската, машинската и металопреработувачката индустрија, облека и текстилната индустрија, прехранбениот сектор и други извозни сектори. Тоа секако ќе се одрази и во последниот квартал од 2022 година кога ќе се почуствува забавување на извозот.
Според него, тоа што голем дел од извозот од Македонија е концентриран само во неколку држави во ЕУ ја прави ранлива трговската размена доколку дојде до пад на економската активност во некоја од државите трговски партнери.
Тој го истакнува хроничниот проблем на големи трговски дефицити и ниска извозна конкуретност на земјата како клучни проблеми на кои треба да работиме во иднина како земја.