Средба на Претседателот на Клубот на извозници при Стопанска Комора на Северна Македонија, проф. д-р Дарко Лазаров со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на извозот (АСИПИ), г-динот Беким Емини. Работната средба се одржа во рамки на активностите поврзани со изработка на ,,Националната стратегија за промоција на извозот 2022-2026″ чии носител е Министерството за економија.
Проф. д-р Дарко Лазаров е во улога на главен консултант во изработка на стратегијата која треба да овозможи остварување на целите за динамизирање на македонскиот извоз преку поголема поддршка на македонските извозно ориентирани компании.