Претседателот на Клубот на извозници при Стопанска Комора на Северна Македонија, проф. д-р Дарко Лазаров во улога на главен консултант во изработка на „Националната стратегија за промоција на извозот 2022-2026“ чии носител е Министерството за економија, оствари видео средба со Абдулезел Догани, директор на компанијата за производство на јајца и месни производи Везе Шари која е извозно ориентирана компанија. На состанокот се дискутираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат извозните компании, и како државата може да им помогне во нивните извозни напори.
Покрај со компанијата Везе Шари, претседателот Лазаров оствари средби со повеќе од 50 извозни компании кои беа консултирани во процесот на дефинирање на предлог мерките за поголема поддршка на домашните извозни компании и градење на поголема извозна конкуретност за настап на странските пазари.