Претседателот на Клубот на извозници, проф. д-р Дарко Лазаров, заедно со шефот на одделот за економска соработка при мисијата на ЕУ во Скопје, Фрејк Јанмаат и Министерот за финансии Фатмир Бесими, беше гостин во емисијата Агенда 35 на МТВ посветена на забелешките на Брисел во однос на економијата и конкуретноста на земјата.
Тој зборуваше за состојбите на извозниот сектор во перидот пред кризата, негативните ефекти од Ковид-19 кризата, како и благото опоравување во 2021 година. Истовремено, тој зборуваше за изгледите во 2022 година посочувајќи дека постојат голем број на предизвици и неизвесност со кој се соочуваат извониците.
На крај, тој потенцира дека во иднина многу повеќе треба да работиме на зголемување на нето-извозот, а не само на извозот сам по себе.