Share on:   

4/1/2022

Објавена публикација – Квалитативна анализа на економските, иновациските и научните потенцијали на Република Северна Македонија

Стопанската Комора на Северна Македонија со тим на експерти предводен од страна на проф. д-р Дарко Лазаров работеше на квалитативна анализа за економски, иновациски и научни потенцијали на Република Северна Македонија.

Оваа анализа беше објавена од страна на Европската Комисија и истата ќе биде основа во градењето на Стратегијата за паметна специјализација како основа за креирање на идните економски политики на земјата и дизајнирање на поддршката на ЕУ во зголемување на конкуретноста на македонската економија во процесот на нејзини целосно интегрирање во ЕУ.