Share on:   

11/11/2022

Медиумски настап – Емисија Трилинг на Телевизија 24

Претседателот на Клубот на извозници при Стопанската Комора на Северна Македонија, проф. д-р Дарко Лазаров, во настап на емисијата Трилинг на Телевизија 24 посочи дека економскиот модел на Македонија треба да биде целосно базиран на извоз.

Во таа насока, сите напори треба да бидат насочени кон поддршка на извозните компании и нивните напори за зголемување на извозната конкурентност. Истовремено, треба да се работи на поголема поддршка за промоција на македонските извозни компании и извозни производи на меѓународните пазари.

Истовремено, Лазаров посочи дека треба да се анализираат добрите примери и практики на други земји како што е Турција, Србија и други земји за тоа како да се поддржат македонските извозни компании. Само на тој начин може да се подобри негативниот трговски биланс и хроничните трговски дефицити што го има земјата, со што ќе се влијае на капацитетите на македонската економија да креира поголеми стапки на економски раст во иднина.