Македонскиот извозен сектор се соочува со многу системски и структурни слабости како што е висока извозна концентрација и неповолна извозна структура. Поради тоа домашна додадена вредност на извозот е мала што го ограничува потенцијалот на извозниот сектор да испорача повисоки стапки на економски раст. Од друга страна, македонските извозни компании се соочуваат со многу предизвици во нивната борба со своите конкурент на меѓународните пазари, а националната економија има многу мала поврзаност со извозот на странските компании во земјата. Оваа слика мора да се промени и Стопанската Комора преку проактивен пристап работи на тој план со конкретни иницијативи и форми на делување, изјави Лазаров како претседател на Клубот на извозници при Комората во интервју за Блумбер Адриа.
Активностите на Клубот на извозници во насока на поддршка на извозно ориентираните компании, Националниот совет за извоз како механизам на јавно-приватен дијалог преку кој ќе бидат иницирани конкретни предлог политики, мерки и решенија во насока на поддршка на извозниот сектор, како и активностите што Комората ги имплементира преку проекот во соработка со УСАИД во насока на поголема промоција на македонските извозни компании и производи се дел од сетот на конкретни форми на делување во насока на поддршка на извозниот сектор и менување на неповолната слика за која говориме.
Тој особено потенцираше дека Владата треба да има многу поактивна улога ставајќи го извозот како врвен национален приоритет во идните економски политики бидејќи само на тој начин можеме да очекувааме посериозен економски исчекор и прогрес на македонскста економија во иднина. Ние имаме конкретни програми и предлог мерки базирани на наши анализи и користење на успешни меѓународни искуства на други земји, останува само Владата посериозно да се вклучи во тој процес преку гардење на системски пристап на заедничка соработка со нас.
Ние како земја во процесот на ЕУ интеграции мораме активно да работиме на подигање на капацитетите на приватниот секторот за интернационализација на нивните бизниси и капацитетите за успешна борба со конкурентите на ЕУ пазарите затоа што само така можеме да очекуваме подобри ефекти од ЕУ интеграцијата за нашата земја, изјави Лазаров.
Интервјуто со престедателот на Клубот на извозници на следниот линк: https://www.linkedin.com/posts/bloomberg-adria-mkd_%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7-activity-7075520086530244609-WJvP?utm_source=share&utm_medium=member_android