Македонските компании за да ја зголемат продуктивноста и ефикасноста, неопходно е да се посветат и на намалување на трошоците. Продуктивноста може да се зголеми со инвестирање во поефикасни машини и опрема, инвестирање во компјутерски системи за следење на производството. Но не помалку важно е да се развива и човечкиот фактор.
Во таа насока, препорака е да се започне процесот на „Smart factory“ бидејќи имаме многу загуба во производните системи. Нашата компанија веќе започна со проектот (кој е во тест-фаза) и се надевам дека идниот месец ќе профункционира во целост.
За да го јакнеме нашето стопанство, потребно е да се зголеми свеста кај секој граѓанин од користењето на домашни производи, како и нивна што поголема застапеност при јавните набавки, како што се прави во Европа и во соседните земји.
Мојата парола е „Доколку го немаш освоено домашниот пазар, немој да помислуваш да одиш надвор“.
Горан Антевски
Заменик-претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија и генерален директор на „Раде Кончар – ТЕП“ - Скопје