Макпрогрес им понуди отворени перспективи и можности за вработување на матурантите во општина Виница.
Отворениот ден кој се одржа на 14ти ноември имаше за цел да ги насочи професионално матурантите во високото образование на струки кои се подобро платени. Воедно беа презентирани можностите за платена практична работа, времено и трајно вработување, како и стипендиите преку фондацијата “Свет крст“ во која Макпрогрес е меѓу најголемите донатори.
Матурантите проследија кратки презентации од претставници од Макпрогрес, вработени на различни позиции кои ги споделија своите професионални искуства.
На наше задоволство, отворениот ден го поддржаа и претставници на граѓанската иницијатива "Сакам да останам" од Битола, чија главна цел е да ги мотивира младите иднината да си ја пронаоѓаат во државата. Одличен мотивациски говор оддржаа членовите од Здружението, вработени во компанијата Кромберг и Шуберт во Битола.