Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија одржа седница на која се дискутираше за повеќе теми сите во функција на поддршка на извозниците активности на компаниите во услови на мулти кризата која има сериозни негативни влијанија на глобално ниво.
Претседателот на Клубот проф. д-р Дарко Лазаров ги презентираше активностите преземени за подготовка на Националната Стратегија за промоција на извозот на РСМ за период 2022 – 2026 година која се работи под покровителство на министерството за економија, објаснувајќи дека анкетата и директната комуникација со компаниите преку реализирани интервјуа укажуваат што им е потребно на фирмите како извозна поддршка, кој се проблемите со кои се соочуваат во промоција на извозот на пазарите во регионот и светот. Компаниите даваат и свои предлози како да се интензивира и подобри поддршката на државата за извозно ориентираните компании. Претседателот Лазаров ги информираше учесниците на седницата, дел со физичко дел со он-лине присуство поради хибридниот модел на реализација на седницата, дека на следната седница подетално ќе бидат презентирани резултатите од досегашните активности и што покажува анкетата и спроведените консултации со компаниите во директна комуникација.
Согласно актуелните случувања на глобален план поради кризата, со негативни реперкусии на повеќе нивоа, компаниите укажуваат на проблемите со кои се соочуваат како и проблеми поради неизвесната од случувањата, но и административните бариери, со насока дека интензивно треба да се работи на нивно надминување.
Лазаров информираше и за Програмата на министерството за економија за 2022 година за поддршка на индустријата и извозот со најава дека на следната седница на Клубот на извозници оваа програма ќе биде дискутирана и си претставници од министерството, во врска со конкретни мерки и инструменти кои ќе им бидат на располагање на компаниите.
На седницата на Клубот беше презентирана и програмата за промоција на извозот во рамките на Агенција за странски инвестиции и поддршка на извозот за 2022 година од страна на директорот на Беким Емини.
Лазаров најави дека на следната седница дополнително ќе се дискутира и за конкретните услуги кои Комората и Клубот ќе ги нудат за македонските извозни компании, преку Програмата на Кубот на извозници, особено имајќи го предвид и огромниот интерес на фирмите за членство во оваа организациона форма во Комората која дава целосна логистика и поддршка на македонските компании за извоз како главен двигател на економскиот развој но и поттик за подигнување на конкурентноста и иновативноста на домашните фирми.